Ако сакате долг живот, појадувајте рано наутро

Новите истражувања покажаа дека луѓето кои појадуваат пред седум часот наутро можат да го продолжат животниот век.

Од друга страна, луѓето кои јадат доцна навечер го нарушуваат внатрешниот биоритам и го зголемуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2 и болести на срцето.

Научници од Универзитетот во Њујорк спроведоа истражување кое им помогна да сфатат дали времето за појадок може да влијае на должината и квалитетот на нашиот живот. Во студијата учествувале повеќе од 34.000 Американци постари од 40 години и истата траела десетина години. Учесниците во студијата го бележале времето на оброкот, а научниците во текот на студијата го споредувале со степенот на смртност.

Резултатите се објавени во Journal of Nutrition, а покажале дека оние кои појадувале меѓу 6 и 7 часот имале за 6% помали шанси да заболат и умрат од тешки болести како срцев удар или рак од оние кои редовно појадувале во 8 часот, како и 12% помал ризик од рана смрт од оние кои првиот оброк го консумирале во 10 часот.

Се смета дека прескокнувањето појадок или негово доцно консумирање го нарушува биолошкиот час за исхрана – внатрешно програмирање кое контролира ослободување хормони поврзани со исхрана, како инсулин.

Во телото на луѓе кои јадат доцна се произведува помалку инсулин со што се зголемува можноста за пораст на нивото на шеќер во крвта, а тоа доведува до дијабетес, дебелина и срцеви заболувања.

Тагови
реклама

Oткриени повеќе од 2.000 мумифицирани глави на овни во чест на најмоќниот фараон

Read more

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Read more

Каде беше досега Џек Ма?

Read more

Ирина Шајк, поздрав од одмор

Read more

Здравје

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Read more

Kакви промени може да очекувате ако ја исфрлите солта од исхраната?

Read more

Првите знаци на Алцхајмерова болест може да се појават во очите

Read more

Докторка нуди едноставен совет за ослободување од икање

Read more
 

Магазин

На која возраст младите во Македонија се иселуваат од родителскиот дом?

Читај повеќе
  • play_arrow

Која е идеалната температура за храната да трае долго во вашиот фрижидер?

Читај повеќе

Пет лоши навики со кои си го уништувате сексуалниот живот

Читај повеќе

Кои се петте најнечисти површини во вашата кујна?

Читај повеќе

Што се висцерални масти и кога се опасни по здравјето?

Читај повеќе

Kакви промени може да очекувате ако ја исфрлите солта од исхраната?

Читај повеќе
  • filter

Кои се четирите најскапи часовници во светот?

Читај повеќе

За машки: 7 совети како да ја освоиш симпатијата

Читај повеќе

Неделен хороскоп: Кого го очекува љубовна криза, а кој ќе заработи пари?

Читај повеќе