Активистите во Мјанмар повикуваат на граѓанска непослушност

Националната лига за демократија (НЛД), на притворената лидерка на Мјанмар Аунг Сан Су Ќи, денеска побара од армијата, која ја презеде контролата во земјата, ослободување на Аунг и признавање на изборната победа на НЛД на изборите што се одржаа во ноември минатата година.

Еден ден по апсењето на Аунг сѐ уште не е позната локацијата каде се наоѓа, а висок претставник на НЛД изјави дека таа е во добра здравствена состојба.

Според неименувани извори од НЛД, претседателот на Мјанмар Вин Мјин и Аунг се во куќен притвор, како и околу 400 други функционери и членови на Парламентот.

На улиците во Најпјитав и во Јангон денеска е мирно, а безбедносните сили се распоредени на главните точки. Повторно се воспоставени телекомуникациските врски, но меѓународниот аеродром во Јангон останува затворен.

Разни активистички групи, меѓу кои и најголемата „Младинска мрежа на Јангон“ денеска објавија голем број пораки испратени на социјалните мрежи со кои се повикува на граѓанска непослушност.

Претседателот на САД, Џо Бајден вчера, по  воениот удар се закани со нови санкции кон Мјанмар. Воениот удар и апсењето на голем број владини претставници го осудија и Австралија, Индија, Европска Унија, Јапонија и Велика Британија, додека Кина соопшти оти ја следи ситуацијата и побара сите страни да го почитуваат Уставот.

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итен состанок поради новонастаната ситуација во Мјанмар.

Армијата на Мјанмар вчера прогласи вонредна состојба, ја презеде власта и соопшти дека уапсила високи владини функционери, меѓу кои и Аунг, поради наводни измами на минатогодинешните избори. Власта во Мјанмар му е предадена на командантот на вооружените сили, генерал Мун Аунг Хлаинг.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Read more
 

Вести

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе