Активни 18.046 случаи на COVID-19, минатата недела намален бројот на позитивни и на починати

Бројот на активни случаи на COVID-19 во земјава изнесува 18.046 од кои 10.840 се од Скопје. На инфективните одделенија во земјава се лекуваат вкупно 889 пациенти заболени од COVID-19.

Според извештајот на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 декември 2020 до 3 јануари 2021 година се бележи намалување на бројот на нови позитивни случаи, на починати, како и на бројот на тестирани на коронавирус во однос на неделата пред неа. Регистрирани биле 2329 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 30,9 проценти. Најголем број од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.086; 46,6 отсто). Процентот на позитивни од тестирани случаи на SARS-CoV-2 изнесува 21,6 отсто, намалување од 4,1 отсто. Во истиот период биле пријавени 93 починати од 22 града, со намалување од 27,9 отсто. За 17,9 отсто е помал бројот на тестирани на коронавирус. По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, за оздравени се водат 3.884 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 84.709, бројката на оздравени пациенти е 64.104, а на починати 2.559.

Владата на вчерашната 37.седница го усвои и записникот од последниот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на COVID-19, при што министерот за здравство Венко Филипче ги информираше и членовите на Владата дека по интензивни преговори се обезбедени количини на вакцини за цела 2021 година, дека од компанијата Pfizer, се очекуваат првите над 5.800 вакцини и дека во тек се преговори и со други компании, соопшти владината прес-служба.

Министерот Филипче информираше дека значително е намален притисокот на болниците и дека капацитетите за сместување на ковид болните лица се полупразни и беше констатирано дека мерките кои беа донесени од Владата во последниот период, а кои се однесуваат на намалување на ширењето на коронавирусот донеле резултати.

Владата на седницата ја усвои информацијата за давање согласност за преземање обврски на Министерството за здравство за набавка на вакцини за континуирана имунизација и вакцини по епидемиолошки индикации за потребите на населението за тригодишен период и тоа од јануари 2021 – декември 2023 година, стои во соопштението.

Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Грашкоска вчера на редовната прес-конференција апелираше до сите граѓани и до стопанствениците и за време на празниците да ги почитуваат мерките.

– Да празнуваме одговорно, во кругот на семејството, да се воздржиме од прослави и да нема групирања. Надлежните инспекциски служби и во текот на наредните денови ќе спроведуваат интензивни контроли на терен, сè со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, рече Грашковска. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе