Соседна Албанија и Република Кина од 18 март ги укинуваат визите за своите граѓани.
„Со договор на кинеската и албанската влада, Договорот за реципрочно укинување на визите меѓу двете земји ќе стапи во сила на 18 март 2023 година. Според договорот, граѓаните на двете земји се ослободени од барање виза доколку престојот во другата земја не трае подолго од 90 дена, на секои 180 денови од датумот на влез во другата земја“, објави Амбасадата на Народна Република Кина во Тирана.