Амазонската прашума за 18 години изгуби површина колку Шпанија

Прашумата Амазон е многу позагрозена отколку пред осум години, се наведува во извештајот на група истражувачи и невладини организации насловен „Амазон под притисок“.

Во Амазон во периодот од 2000 до 2018 година исечена е шума со површина од 513.016 километри квадратни, колкава што е површината на Шпанија.

На тој начин најголемата прашума во светот се намали за 8 проценти, се наведува во извештајот на Амазонската мрежа за општествено-еколошко географски информации (РАИСГ).

– Амазон е многу позагрозена од пред осум години, се наведува во извештајот на РАИСГ, која слична студија објави и во 2012 година.

Прашумата Амазон опфаќа девет земји: Бразил, Колумбија, Перу, Боливија, Еквадор, Венецуела, Суринам, Гвајана и Француска Гвајана, со околу 47 милиони жители, вклучително и голем број домородни заедници.

Најлоша година е 2003 година кога е исечена шума од 49.240 км². Потоа е забележан пад, а најниското ниво е во 2010 година (17.674 км²), а потоа од 2012 година повторно е зголемена сечата.

Бразил има 62 отсто од прашумата Амазон, но повеќе од 85 отсто од сечата е на негова територија. Во периодот од 2000 до 2018 година од бразилската прашума исечени се 425.051 км².

И шумските пожари придонесоа за намалување на површината на прашумата Амазон, а најголемото уништување е забележано во Боливија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе