Американците подобри од странците на стартот на Ол стар викендот

Тимот на САД го победи Тимот на останатиот свет со 161: 144 во натпреварот на „ѕвездите во подем“ на НБА. Дуелот по традиција е еден од најнеизвесните настани од програмата на Ол стар викендот кој оваа година се одржува во Шарлот.

Одбраната очекувано беше во заден план, особено во првото полувреме, откако двата состави понудија на гледачите атрактивни изведби и покажаа дека иднината на НБА дефинитивно е светла.

Кајл Кузма беше избран за МВП, кој ја игра втората сезона во Лос Анџелес Лејкерс. Крилото ги демонстрира своите квалитети и беше најпрецизен кошаркар во средбата со 35 поени, додавајќи кон нив 6 скока, 2 асистенции и 1 блок. 30 поени за САД додаде и крилото на Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, а плејмејкерот на Атланта Хокс – Треј Јанг постигна 25 поени, 10 асистенции и 7 скока.

Со 20 поени, 9 асистенции, 7 скока и 5 украдени топки пак импресионираше бекот на Јута Џез, Донован Мичел, апоинт бекот на Сакраменто Кингс – ДиАрон Фокс беше играчот со најмногу асистенции од двата тима – 16, а кон нив додаде и 5 украдени топки.

Најпрецизен за странците беше австралиската ѕвезда на Филаделфија 76-ерс, Бен Симонс со 28 поени, а кон нив, тој додаде 6 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки. Со 21 поен заврши финското тешко крило на Чикаго Булс – Лари Марканен. Словенечката ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ пак преферираше да подава и запиша 9 асистенции, истакнувајќи и 13 поени.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе