Американските компании бараат 11 милиони работници, бројот на невработени нагло опадна

Бројот на Американци кои побарале бенефиции за невработеност минатата недела падна на најниско ниво во повеќе од 52 години, покажаа вчера податоците на Министерството за труд.

Во неделата, заклучно со 4 декември, барање за државен надоместок за невработеност поднеле 184.000 граѓани, што е намалување за 43.000 во однос на неделата претходно, покажуваат сезонски прилагодените податоци на Министерството за труд.

Ваквиот пад на нивниот број, на најниско ниво од септември 1969 година, веројатно сè уште е надуен поради тешкотиите во прилагодувањето на податоците за сезонските флуктуации.

Нов економски моментум во четвртиот квартал

Иако бројот на апликации обично расте во постудениот дел од годината, економистите велат дека е малку веројатно дека таквата сезонска шема ќе опстојува во периодот на акутен недостиг на работна сила на пазарот на труд во САД.

На крајот на октомври имаше 11 милиони непополнети работни места во САД, така што работодавците не се склони кон отпуштања.

„Сезонските осцилации ќе ја отежнат интерпретацијата на податоците за барањата за бенефиции за невработеност“, рече Вероника Кларк, економист во CityGroup во Њујорк.

Сепак, податоците се во согласност со другите показатели, како што се оние за потрошувачката, производствените и услужните активности, кои сигнализираат продолжување на економското закрепнување во четвртиот квартал по забавувањето меѓу јули и септември.

Невработеноста во ноември падна на 4,2 отсто

Ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот сепак може да ѝ наштети на економијата. Иако малку се знае за неговото влијание, може да се очекува помала вработеност и побарувачка за услуги, судејќи според искуството со делта варијантата, што предизвика најслаб раст на економијата за повеќе од една година во третиот квартал.

Владата кон крајот на минатата недела објави дека стапката на невработеност паднала на 4,2 отсто во ноември, што е најниско ниво во последните 21 година, додека бројот на вработени се зголемил за само 210.000, најслаб од пандемијата во декември 2020 година, потсетува Reuters.

На почетокот на април 2020 година, во екот на пандемијата на коронавирус, кога економијата беше речиси целосно запрена, бројот на неделни барања за бенефиции за невработеност достигна рекордни 6.149 милиони.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе