Amnesty International: Одговорот на Западот кон Украина открива двојни стандарди

Глобалниот бес поради руската инвазија на Украина минатата година само ги разоткри „двојните стандарди“ на Западот кон кршењето на човековите права ширум светот, соопшти денеска Amnesty International.

Во својот годишен светски извештај за 2022 година, Amnesty International укажа на, како што го опиша, молкот на Западот за правата во Саудиска Арабија, репресијата во Египет и постапувањето на Израел кон Палестинците.

„Силичниот одговор на Западот на руската инвазија на Украина ги истакна двојните стандарди, разоткривајќи колку безначајни биле нивните реакции на толку многу други прекршувања на Повелбата на ОН“, рече генералниот секретар на Amnesty International, Агнес Каламард, додека го промовираше светскиот извештај на групата во Париз.

„Рускиот напад, кој започна на 24 февруари 2022 година, ни даде многу редок увид на тоа што е можно кога постои политичка волја да се дејствува, додека Западот ги затвора редовите за поддршка на Украина“, додаде таа.

По инвазијата, многу земји воведоа санкции кон Москва и ги отворија границите за украинските бегалци, а Меѓународниот кривичен суд започна истрага за воени злосторства во Украина.

Amnesty International соопшти дека конфликтот ги истакна недостатоците во одговорот на кршењето на правата во другите делови на светот, како и „заглушувачкиот молк на Западот за состојбата со човековите права во Саудиска Арабија, неактивноста кон Египет и одбивањето да се соочи со израелскиот систем на апартхејд против Палестинците“.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе