Ана Поповска, физиотерапевт во Synergy Fitness & Spa: Дозволете си да се разгалите од време на време

Ана Поповска е млада, енергична, активна жена. Со нејзината работа како физиотерапевт во Synergy Fitness & Spa таа им помага на клиентите да се опуштат од стресовите на модерното живеење, но истовремено работи на себе, нејзиното себеспознавање и надградување. Наоѓањето време за себе поред неа е една од најважните работи што може да ги направиме за себе и што не треба да се доживува како луксуз, туку како составен дел на животот.

Ана, што е тоа што те мотивираше да станеш физиотерапевт?

- Да бидам искрена, пред себеспознавањето и целиот процес на калемење на мојата индивидуа, желбата да се биде дел од оваа фела се сведуваше пред сѐ на перспективноста и на сѐ поредовната потреба на мојата работа во модерното општество. Подоцна сѐ се вклопи во суштината поради која и се дава Хипократовата заклетва, да се помогне некому.

Како се одвива еден твој работен ден во Synergy Fitness & Spa и што е тоа што најмногу те радува при работата како физиотерапевт во овој центар?

- Synergy Fitness & Spa не е само фитнес или пак спа центар, туку и центар за прогресирање во животот. Приказните, дебатите и контактите се секојдневни. Работата вклучува два сегменти: Динамично е кога си на фронт деск, а сосем мирно кога работиме во нашиот сектор, ЗЕН прибежиштата, просториите за масажа на Synergy Fitness &  Spa. Тимот на Synergy е еден од ретките кои може да се пофали со високо образован и обучен кадар, па моето лично задоволство да се биде дел од тимот е отприлика на ниво колку што е и на нашите клиенти.

Има ли нешто специфично кое треба да го поседува еден човек за да биде физиотерапевт?

- Секој може да биде сѐ во животот, но не секој од нас станува астронаут, физичар, алхемист и така натаму. Не знам дали постојат одредени предиспозиции за некој да се бави со оваа професија. Меѓутоа тргајќи од себе и од моите колеги има неколку заеднички карактеристики кои секој од нас ги има. Би ги издвоила следниве: Innerself - она внатрешно јас кое е исто толку моќно како и она кое другите го имаат како слика за нас, способноста за циркулирање, трансмитирање и манипулирање со енергијата која ја примаме и предаваме секојдневно, добра физичка подготвеност и се разбира она есенцијалното, љубов. Мора да имаме љубов за сѐ она во кое ја предаваме целата нашата енергија и време за подоцна да прерасне во синергија на нашето совршено очекување.

Која е твојата најголема специјалност како физиотерапевт?

- Без многу размислување - хиперсензибилноста. Често на база на шесто сетило уште пред некој од моите клиенти да ме запознае со неговата моментална состојба, јас сум веќе запознаена со неговата состојба. Во последно време пројавувам голем интерес и ги истражувам принципите на психосоматиката. Речиси сум и убедена дека постои многу голем удел на социјалните психолошките и бихејвиоралните фактори на телесните процеси и квалитет на живот.

Во Synergy Fitness & Spa се практикува и Table Thai Yoga. Кои се придобивките од оваа масажа?

- До идејата за Тable Thai Yoga дојдовме размислувајќи како да успееме да ги вклучиме мускулите и мускулните групи кои при стандарните масажи кои ги практикуваме во Synergy Fitness & Spa (Медицинска, Спортска, Балиска, Јаванска, Релакс итн.) остануваат интактни. Главниот сегмент на оваа масажа, како што претпоставувате, е употреба на јога пози кои се внимателно селектирани за да може секој да ги направи, со тоа што нема никаков ризик од повреди при истата. Сосема напротив, stretching e одличен за контрола на телесните функции и е одлична вежба за мускулниот систем. Дишењето како најбитен сегмент во јогата делува смирувачки на централниот нервен систем, па така доведува до благосостојба и чувство на ослободување од секојдневните стресни ситуации, олеснување на хронични болки, стабилизација на крвниот притисок, па дури и симптоми на несоница, и се разбира зголемена флексибилност и баланс.

Како успеваш да им помогнеш на луѓето кои поради модерниот начин на живот се под секојдневен стрес?

- Вечната трка со времето, електромагнетното зрачење на мониторите од нашите паметни уреди од кои сме се позависни и стресот станаа секојдневна појава во модерното време во кое живееме. Ние како физиотерапевти имаме полни раце работа со ова, затоа што многу често сме ние тие кои треба да ги потсетат луѓето дека секој од нас заслужува time-out, односно време за себе. Потрудете се да издвоите барем еден ден од неделата и посветете си го на себе. На крајот на краиштата, доколку вие не го сторите тоа, не постои никој друг што може да го направи тоа за вас, освен се разбира ние, тимот на физиотерапевти во Synergy Fitness & Spa.

Дали мислиш дека луѓето треба почесто да одат на масажа и зошто?

- Сметам дека секој треба да има во пракса да го посетува својот физиотерапевт барем 2 пати во неделата. За жал, сега веќе времето е луксуз, а не средствата. Доколку овој таргет на посети звучи “луксузно”, тогаш обидете се тоа да бидат 4 пати месечно, но не помалку од тоа затоа што тогаш одново почнуваме со терапијата на секоја следна сесија и се губи клучното, а тоа е континуитетот.

Грижете се и негувајте го своето здравје и благосостојба. На крајот од денот се имате само себе. Дозволете си да се разгалите од време на време.

*Промотивен текст

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе