Андреа Бочели за Велигден пееше сам во празната миланска катедрала
Славниот оперски пејач Андреа Бочели на Велигден пееше сам во катедралата Дуомо во Милано, испраќајќи порака за љубов и надеж во Италија, но и на целиот свет.
Преносот на неговиот концерт беше прикажан на неговиот YouTube канал, а неговите обожаватели не можеа да ги сокријат емоциите. Баш како што најави, 61-годишниот Бочели со посебна дозвола од властите, одржа концерт под мотото Music for Hope во празната миланска катедрала Дуомо.
Тој ги изведе Ave Maria, Domine Deus и Amazing Grace и расплака милиони луѓе ширум светот.