Android конечно доби официјална ChatGPT апликација

Дали имате телефон со Android и сакате брз пристап до најпопуларната вештачка интелигенција? Официјалната апликација ChatGPT пристигна на Google Play Store.

ChatGPT конечно ја доби својата официјална Android апликација. Сопствениците на уредите што го користат овој оперативен систем повеќе нема да мора да ја посетуваат официјалната веб-страница за да пристапат до најпопуларната вештачка интелигенција во светот, ниту пак да инсталираат сомнителни апликации кои тврдат дека нудат иста или слична функционалност.

Со користење на апликацијата, корисниците ги имаат истите опции како и користењето на страницата ChatGPT.

„Официјалната апликација е бесплатна, ја синхронизира вашата историја на сите уреди и ги носи најновите подобрувања на моделот OpenAI“, се вели во официјалната листа на Google Play.

Според креаторите, со ChatGPT вештачката интелигенција во нивниот џеб, корисниците имаат на располагање:

  • Инстант одговори
  • Прилагодени совети
  • Креативна инспирација
  • Професионален придонес
  • Можност за учење

Како што обично се случува, корисниците на iOS ја добија официјалната апликација ChatGPT уште во мај, а таа беше преземена дури 500.000 пати од App Store за само една недела.

Доколку имате телефон со Android и сакате да ја носите најпопуларната вештачка интелигенција насекаде со себе, треба да го посетите ОВОЈ ЛИНК. За жал, нема да можете веднаш да ја користите официјалната апликација ChatGPT, туку само да ја резервирате инсталацијата. Доколку го направите ова, апликацијата автоматски ќе се инсталира веднаш штом ќе стане достапна, а компанијата OpenAI тврди дека тоа ќе се случи оваа недела.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе