Ангеловски: Подготвени влегуваме во дуелот со Словенија

Љубљана, 23 март 2019 (МИА) – Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, на официјалната прес-конференција пред утрешниот наптревар против Словенија во квалификациите за ЕП 2020 изјави дека во тимот владее одлична атмосфера по победата над Летонија во четвртокот, како и дека се подготвени за дуелот на „Стожице“.

Репрезентативците денеска го одржаа и официјалниот тренинг пред вториот натпревар од квалификациите. Поради повреда на дуелот во Скопје против Летонија, од списокот за настап испадна Ферхан Хасани, а Ангеловски на негово место не повика друг играч.

„Имавме време да се одмориме и подготвени влегуваме во дуелот со Словенија. Го знам тимот што ќе истрча утре, но нормално нема да го кажам сега, затоа што тоа најпрво ќе им го соопштам на играчите. Наша интенција е да влегуваме во овој меч со истиот пристап како во изминатите три години. Од тоа што сме анализирале Словенија има добар среден ред и напад, а и опасни контра-напади. Но ние ќе излеземе на терен да си ја играме нашата игра. Се среќаваат две добри репрезентации и очекувам натпреварот да биде неизвесен. Имаме позитивна атмосфера и очекувам тоа да го матријализираме утре на терен“, изјави вечерва селекторот.

Фудбалерот на Спортинг Лисабон, Стефан Ристовски пак изјави дека екипата ќе се потруди да освои бодови од ова гостување и со тоа да докаже дека оваа генерација може да игра на големо натпреварување.

„Верувам дека ќе се покажеме во добро светло. Ќе се потрудиме да се вратиме со бод или бодови од ова гостување. Јас го познавам многу добро селекторот на Словенија, Кек, и сигурно дека тој сака многу да победи. Ќе биде ова добар натпревар. Ние долго време сме заедно што значи дека можеме да се носиме со секого. Сакаме да докажеме дека оваа генерација има квалитет да игра на големо натпреварување како што е Европското Првенство“, изјави Ристовски.

Дуелот на програмата е денеска од 20:45 часот.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе