Англичаните го променија мислењето за ВАР

Националното здружение на навивачите во Англија спроведе анкета меѓу тамошните навивачи и две третини од испитаниците наведоа дека се против ВАР технологијата во англискиот фудбал.

Дури 67,3% од навивачите навеле дека се против ВАР системот во Премиер лигата, а 79,1% од оние што редовно одат на натпревари навеле дека нивното искуство со ВАР е „лошо“ или „многу лошо“.

Зошто ова е важно? Резултатите од ова истражување се во тотална спротивност со истражувањето што ФА го спроведе меѓу навивачите во 2017 година, односно пред воведувањето на ВАР, кога 74,6% од нив беа за воведување на оваа технологија.

Истражувањето, како што наведуваат медиумите од Островот, го спровело Националното здружение на навивачи, а анкетирани биле 9.645 луѓе за време на месеците март и април.

Речиси 92% од испитаниците рекле дека донесувањето на судиските одлуки трае предолго, а само 26% он нив се задоволни со ВАР технологијата и ја поддржуваат нејзината употреба.

На крајот се додава дека само 5,5% од навивачите што одат на натпреварите го оцениле искуството со ВАР како „добро“ или „многу добро“, додека 65,4% од оние што натпреварите ги гледаат на ТВ искуството го оцениле како „лошо“ или „многу лошо“.

реклама

Од бизнисмен до командант: Милијардер ја формира најефикасната единица во Украина

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Ново мапирање откри древни планини, езера и реки под ледената покривка на Антарктикот

Read more

Што се случува со вашиот крвен притисок кога пиете кафе секој ден?

Read more

Фудбал

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Read more

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Read more

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Read more

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Read more
 

Спорт

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Читај повеќе
  • play_arrow

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Читај повеќе