Антикорупциска поведе прекршочна постапка за десет поранешни специјални обвинители

Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната седница одлучила да поведе прекршочна постапка за поранешните обвинители од СЈО, Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, бидејќи, како што велат од Комисијата, континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно Законот за спречување на корупцијата.

– Согласно Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси на ДКСК предмет на проверка се анкетните листови на поранешните обвинители на СЈО. Во постапката за утврдување на фактичката состојба Државната комисија за спречување на корупцијата прибави податоци од Министерството за финансии од кои констатираше дека поранешните обвинители од СЈО континуирано примале дополнителни приходи (надоместоци) и за истото по надминување на вредност од 20 просечни плати не пријавувале промена на имотната состојба со што постапиле спротивно со член 85 од ЗСКСИ. Тргнувајќи од наведеното ДКСК заклучи да поведе прекршочна постапка за следните лица Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Елизабета Јосифоска, Лиле Стефанова, Бурим Рустеми, Гаврил Бубевски, Стевчо Донев, Трајче Пеливанов, Артан Ајро и Љубомир Лапе, информираат од ДКСК.

Комисијата на денешната 29-та седница врз основа на добиени сознанија одлучила и да отвори предмет по сопствена иницијатива во врска со наводи за сомневање на незаконско постапување на надворешниот соработник за прашања од областа на спортот на претседателот на Владата на РСМ, Даниел Димевски. кој во својство на надворешен соработник и управител на правното лице Турд Олимпик ДОО Скопје стекнал својство на закупец на СРЦ „Кале“ со што во улога на надворешен соработник остварил приватни интереси со што го оштетил буџетот на РСМ.

Врз база на добиени сознанија од медиумите за значителен  прилив на странска и домашна помош (донации) за времетраењето на вонредната состојба како што и претходно информираше, ДКСК одлучила да преземе конкретни дејствија во насока на прибирање на релевантни информации за начинот на кој се користи доделената странска и домашна помош. Исто така, Државната комисија за спречување на корупцијата оформила и предмет по сопствена иницијатива за испитување на нерегистрирани средства за дезинфекција кои се нашле во употреба.

Антикорупциската комисија информира дека  продолжува по нејзиното постапување по предмет оформен по пријава со наводни за сомневање за незаконски постапувања на Поглаварот на Исламската Верска Заедница. 

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе