Антиваксери во Полска нападнаа центар за вакцинација против COVID-19

Двајца противници на вакцинацијата против COVID-19 се уапсени вчера во Гродиск Мазовиецки во Полска кога се обиделе со група демонстранти насилно да влезат во центар за имунизација против коронавирусот.

Две лица се полесно повредени во тепачка со персоналот и припадниците на обезбедувањето во центарот за вакцинација, објави полската полиција.

– Добивме повик дека група се обидува да влезе во зградата на центарот за вакцинација. Имаше тепачка меѓу демонстрантите и персоналот на центарот. Повикавме брза помош за две лица кои беа полесно повредени. Групата демонстранти потоа замина. Уапсивме двајца, изјави портпаролката на локалната полиција, Катажина Зих.

Протестите пред центарот за вакцинација беа организирани од групата Полски жолти елеци, кои можат да се пофалат дека се борат за слобода за сите, но најмногу за организација на антиваксерски настани, како на пример излети против вакцини.

Полскиот министер за здравство Адам Њедјелски предупреди минатата недела дека делта мутацијата полека ги потиснува останатите варијанти на COVID-19 во Полска и земјата може да го очекува четвртиот бран на пандемијата на коронавирус кон крајот на летото, во втората половина на август.

Најлошото сценарио повторно предвидува 10.000 до 15.000 новозаразени дневно, а полската Влада секојдневно апелира до Полјаците да се вакцинираат што е можно побрзо, и ја разгледуваат можноста за задолжителна вакцинација.

– Кога луѓето не можат да бидат убедени од рационални аргументи и кога лотаријата со многу интересни награди не ги донесе очекуваните резултати, тогаш државата мора да прибегне кон други средства. Ако Полјаците не сакаат да се вакцинираат, тогаш треба да бидат принудени да го сторат тоа, истакна минатиот месец лидерот на полските владејачки конзервативци, вицепремиерот Јарослав Качински.

Во Полска досега со две дози или со една според упатствата на производителот на вакцините против COVID-19 се имунизирани 44,6 отсто од населението. 

Тагови
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе