Апасиев и Села најгласни во најавите за приговори за изборните резултати

Скопје, 17 јули 2020 (МИА) – Државната изборна комисија првите конечни неофицијални резултати од десеттите парламентарни избори ги објави безмалку 24 часа по затворање на гласачките места.

По ваквиот преседан, политичките партии наместо за можниот состав на новата Влада на постизборните прес-конференции повеќе зборуваа за нерегуларности и грешки, како и можни приговори. Најгласни на социјалните мрежи беа претседателите на Левица и Алијансата на Албанците, Димитар Апасиев и Зијадин Села.

Според пресметките на СДСМ разликата во корист на Коалицијата Можеме е најмалку три мандати.

– Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат, соопшти вчера Социјалдемократскиот сојуз.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера најави дека правна комисија на партијата работи на евентуални приговори за кои има рок од 72 часа да се достават до Комисијата.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев, објави дека по барање на ВМРО-ДПМНЕ, ДИК повторно ги пребројува резултатите од записниците, се со цел да се отстранат сите можности за било какви неправилности во однос на резултатите од изборите.

– Во моментов сите опции се отворени, и по завршувањето на пребројување ќе ги соопштиме нашите следни чекори, објави на фејсбук Јанушев.

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села, изрази длабока загриженост и негодување за, како што вели, игрите што се играат со необјавување на резултатите од изборите.

– Има многу информации од теренот кои не одговараат на резултатите објавени од  Државната изборна комисија до раните часови утринава. Има многу сомнителни резултати на многу избирачки места. Имаше сериозни обиди, но и активности насочени кон отуѓување на волјата на граѓаните. Нашиот заеднички штаб пријави десетици вакви случаи до релевантни тела, но и до релевантни меѓународни институции, објави на својот Facebook профил Села.

Истовремено тој најави дека Изборниот штаб на коалицијата „Сега е време”, по официјалните резултати ќе поднесе приговори, поткрпени со, како што вели, факти и докази за конкретни изборни нерегуралности.

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, рече дека партијата е оштетена за минимум околу 10.000 гласа и дека им се украдени, како што рече, тројца пратеници, во изборните единици 1, 2 и 4.

– Она што најмногу загрижува е тоа што има најмалку 80.000 гласови кои се несоодветни. Според нашиот аналитички центар, не кореспондираат електонските записници со хартиените записници. На овој начин, ние сме искрадени по 30-40 гласа во урбани средини по избирачко место, а пратениците кои „висат“ во овие три изборни единици се за 200 до 600. Тоа значи дека доколку не беа овие изборни нерегуларности ние ќе имавме чисти плус тројца пратеници. Сега засега имаме двајца пратеници чисти. Се прави максимален обид од СДС да ни го земат и вториот пратеник во Третата изборна единица, кој е чист како солза. Ќе дадеме максимум од себе да дојдеме барем до тројца пратеници, рече Апасиев.

Тој рече дека ќе поднесат приговор во законскиот рок од 48 часа, а најави и кривични пријави против членовите на ДИК зашто ова е, рече, „невиден скандал во досегашната изборна историја“.

Од Македонска конзервативна партија – ИНТЕГРА, која не освои пратенички мандат, побараа да се направи увид во неважечките гласачки ливчиња со цел да се расчистат сомнежите.

Претседателот на партијата Љупчо Ристевски, побара државните органи да ги расчистат сериозните сомневања во јавноста и да понудат материјални докази за кредибилноста на изборниот процес, бидејќи како што посочи е доволен аргумент дури и да се поништат изборите.

Демократскиот сојуз оценува дека вчерашните предвремени парламентарни избори беа фер и демократски, без насилства, со висока излезност во специфични здравствени услови, при што граѓаните можеа слободно да ја искажат својата определба и гласаа мирно и достоинствено, определувајќи се за Европска Македонија.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе