Апасиев: Широката коалиција СДС-ДПМНЕ сложно си го изгласаа Законот за поткуп на медиуми

„Широката коалиција СДС-ДПМНЕ доминираше во Собранието. Сложно си го изгласаа груевистичкиот Закон за поткуп на медиуми (со европско знаменце) + уште посложно го одбија предлогот на Левица да се гласа за Законот за дијабетичарите!“, напиша вчера на својот Facebook профил, пратеникот Апасиев.

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, минатиот ноември поднесоа 1.300 амандмани до собранискиот архив за Предлог – законот за аудио-визуелни медиумски услуги со што досега, овој закон беше блокиран токму од Левица.

За овој закон негодуваше и новинарската фела и тие се на ставот дека овој закон не е ништо друго, освен легално поткупување на медиумите за уредничка наклонетост кон власта, велат од Левица.

„Вчера, со исклучок на Левица, власта и опозицијата, предводени од СДС и ДПМНЕ, во Собранието на Р. Македонија, на пленарната седница ја изгласаа потребата да се донесат измени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка, со злоупотреба на европско знаменце, со што СДС и ДПМНЕ сложно се согласија да се даде зелено светло за носење на законско решение со кое ќе може со народни пари да се финансира наклонетоста кон властите преку националните телевизиите, за што повеќепати претходно алармираше Левица.

Нашите пратеници опоменуваа повеќе од една година, дека со овој закон, јавниот простор и слободната мисла ќе бидат потиснати под чизмата на авторитарниот режим на СДС, кој ги враќа на голема врата најлошите политики од претходниот режим на ДПМНЕ, овој пат сложно, како широка коалиција“, се додава во соопштението на партијата Левица.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе