Аргентина – Бразил во полуфиналето на Копа Америка

Рио да Жанеиро, 29 јуни 2019 (МИА) – Аргентина се пласираше во полуфиналето на Копа Америка, откако синоќа ја совладаа Венецуела со 2:0.

Головите беа дело на Лаутаро Мартинез со петта во 10. минута и резервата Џовани Ло Селсо во 75.

Во спор околу местото во финалето, тимот на Лионел Скалони ќе се соочи со домаќинот Бразил, кој претходно го елиминира Парагвај по пенали.

Аргентинците подобро ги искористија своите шанси, иако пред вториот гол тие имаа многу тешки моменти. Во втор последователен меч, тимот не дозволи гол, и ова е сигурно повод за оптимизам.

Шампионот на Копа Америка Чиле исто се квалификуваше за полуфиналето на турнирот по отстранувањето на Колумбија по пенали.

Регуларното време на „Арена Коринтијанс“ заврши 0:0 и се пристапи директно кон исполнување на удари од 11 метри. Кај нив Вилијам Тесиљо промаши за Колумбија, а по него Алексис Санчез беше бескомпромисен и го однесе Чиле во најдобрите 4.

Успехот е целосно заслужен за Чилеанците кои беа поопасниот тим на теренот, а на два пати по интервенцијата на ВАР, нивни голови беа поништени.

Ривал на Чиле во полуфиналето ќе биде победникот од мечот Уругвај-Перу вечерва.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе