СУПЕРКЛАСИКО НА АМЕРИКА 2019

Аргентина со Меси против Бразил и Уругвај

Конечно на располагање во репрезентацијата се враќа Лео Меси со кого Аргентинците ќе влезат во Суперкласико натпреварот против Бразил.

Селекторот Лионел Скалони повика 26 играчи за претстојните два пријателски натпревари против Бразил и Уругвај. По суспензијата заработена поради коментарите на Копа Америка, во репрезентацијата се враќа Лионел Меси, токму на време за јужноамериканското Суперкласико. Покрај него, за првпат по јули е викнат и Кун Агуеро.

Во тимот има само двајца играчи од домашното првенство меѓу кои и двајца кои ќе чекаат деби. Тоа се голманот Мартинес и централниот дефанзивец Перес.

Повторно е изоставен Мауро Икарди и покрај неговата голгетерска форма во ПСЖ. Го нема ниту неговиот соиграч Анхел Ди Марија, а стандардниот голман Франко Армани намерно не е повикан бидејќи селекторот одлучи да не вика играчи од Ривер Плејт за да можат да се одморат за претстојното финале во Копа Либертадорес против бразилскиот Фламенгу.

Голмани:
Агустин Марчесин - Порто, Португалија
Естебан Андрада - Бока Жуниорс
Хуан Мусо - Удинезе, Италија
Емилијано Мартинес - Арсенал, Англија

Одбрана:
Хуан Фојт - Тотенхем, Англија
Ренсо Саравија - Порто, Португалија
Николас Отаменди - Манчестер Сити
Херман Пецела - Фиорентина, Италија
Маркос Рохо - Манчестер Јунајтед
Валтер Канеман - Гремиу, Бразил
Николас Таљафико - Ајакс, Холандија
Неуен Перес - Фамиликау, Португалија

Средина:
Гидо Родригес - Америка, Мексико
Џовани Ло Селсо - Тотенхем, Англија
Леандро Паредес - ПСЖ, Франција
Николас Домингес - Велес Сарсфилд
Родриго Де Паул - Удинезе, Италија
Маркос Акуња - Спортинг, Португалија
Роберто Перејра - Вотфорд, Англија
Лукас Окампос - Севиља, Шпанија

Напад:
Лионел Меси - Барселона, Шпанија
Серхио Агуеро - Манчестер Сити, Англија
Николас Гонсалес - Штутгарт, Германија
Лукас Аларио - Баер Леверкузен, Германија
Лаутаро Мартинес - Интер, Италија
Пауло Дибала - Јувентус, Италија

Големото дерби наречено Суперкласико на Америка помеѓу Бразил и Аргентина е закажано за 15 ноември, а ќе се игра на неутрален терен на „Кинг Сауд Јуниверсити“ стадионот во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија.

По овој натпревар Аргентина ќе отпатува за Израел каде на 18-ти во Тел Авив копјата ќе ги вкрстат со уште еден вечен ривал, Уругвај.

Суперкласико датира од 1914 година кога сѐ до 1976 оваа пресметка беше позната како Рока Куп. Возобновен е во 2011 година, а досега Бразил има 12 титули, додека Аргентина 4 од кои последната дури во 1971.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more
 

Спорт

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе