Аргентинската подморница експлодирала, екипажот е мртов

Екипажот на аргентинската подморница што исчезна на 15 ноември настрадал на лице место, во експлозија која сосема го уништила пловилото.

Според аналитичарот Брус Рул, подморницата била уништена за 40 милисекунди, во експлозија чијшто еквивалент е активирање на повеќе од пет тони ТНТ експлозив.

„Иако екипажот можеби знаел дека ќе се случи трагедија, тие не биле свесни што се случува. Не почувствувале болка, ниту давење“, наведе Рул.

Во петокот властите соопштија дека ја прошириле територијата низ која трагаат по подморницата, наведувајќи дека тоа сега изгледа како да бараат „цигара на фудбалски терен“.

Екипажот на подморницата во последниот контакт навел дека вода продрела во пловилото низ цевка за докот на воздухот, по што веројатно дошло до експлозија.

Аргентинскиот министер за одбрана Оскар Агуад денеска изјави дека меѓународните нуклеарни агенции откриле дека најверојатно имало експлозија во која загинале сите 44 членови на екипажот на подморницата што исчезна во Атлантскиот Океан.

Агуад додаде дека можно е да станува збор за лошо одржување на подморницата.

„Немаме јасни докази, но има сомневања што укажуваат на корупција“, рече тој.

Медиумите објавија дека две германски компании се сомничат за снабдување на Аргентинската морнарица со неквалитетни делови. Во тие делови спаѓаат батерии кои наводно предизвикале краток спој што довел до експлозијата.

„Ferrostaal“ and „EnerSys-Hawker“ се двете компании што се сомничат дека ги снабдиле дефектните батерии за подморницата „Сан Хуан“ преку нејасна корупциска измама, објавија германските медиуми „Bayerischer Rundfunk„ and „ARD“.

Подморницата доби огромно реновирање во 2011 година со кое се очекуваше да биде во употреба уште 30 години. Реновирањето вклучуваше замена на 964 батерии.

Двете компании потпишале договор вреден 5 милиони евра за испорака на резервните делови, но можно е да ги обезбедиле преку корумпирани канали, тврдат медиумите.

„Постои сомневање дека батериите што биле ставени како замена не биле со оној квалитет што се очекувал“, изјави Корнелија Шмит-Лирмен, шефица на комисијата за надворешни работи на аргентинскиот Парламент.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе