Арсовска: Водовод е претворен во биро за вработување партиски кадри

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска на прес-конференција ги објасни случувањата околу ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје.

Арсовска вели дека во претпријатието има луѓе што земаат над 60 илијади и над 40 илјади денари плата, а не работат, некои дури не ни одат на работа. Потоа, додаде дека на претпријатието му недостасува технички персонал за работа на терен, а наместо тоа низ годините се трупала непотребна администрација.

„Сметам дека треба доследно да појасни што се случува во ова претпријати,е она што го презентираше како закана на ССМ, која излезе пред граѓаните минатата недела. Конкретно се работи за прераспределба на десетина лица, хоризонтално, што значи дека на овие лица не им е укинато никакво право, не им е намалена платата, две од овие лица земаат плата над 60.000 денари, две од нив над 40.000 денари, меѓутоа сега ќе треба да работат. Треба да застанеме во интерес на граѓаните и Градот Скопје“.

„Ова претпријатие има над 1.250 вработени, ВО ИЗМИНАТИТЕ 30 ГОДИНИ претворено е во биро за вработување на политичките партии, најголем дел од нив се амднимистративни кадри, а не технички персонал. Од оваа причина е најавена оптимизација на работните процеси и преквалификација, доквалификација и повеќе нема да можат да не одат на работа и да земаат плата или пак да одат на работа, да не работат и да земаат плата од 60.000 или 40.000 денари и да го оштетуваат буџетот“.

„Критично е и важно да се напомене дека поради тоа што се претвори во биро за вработување, Водовод не ги врши основните функции, а тоа  е да инвестира во инфраструктура. Немаме водоводџии и технички персонал, а има огромен број вработени во администрација. Сите кои треба да работат на обезбедување на оваа структура - фекална и атмосферска канализација се ангажираат фирми од надвор, значи во исто време се плаќа техничка администрација и фирми кои се плаќаат од надвор да го работат она што треба да го работи Водовод“.

„Она што сакам да го нагласам е дека треба да се провери оправданоста на овие кадри, но пред сѐ сметам дека во ниту еден случај во Градот Скопје нема да се дозволи затоа што на некој не му се допаѓа градоначалничката и директорот, затоа што не сме партиски марионети, да излезе да ги брани неработнички права и да се заканува со прекин на водата на град Скопје. Сакам да ги смирам граѓаните кои ќе имаат континуирано, квалитетно и непрчено снабдување со вода и уште еднаш да ги повикам надлежните институции да постапуваат по допрен глас за онаа закана која ја имавме минатата недела“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе