Артуро Видал се пензионираше, па се премисли

Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал ја промени одлуката само неколку часа откако најави дека се пензионира од националниот дрес. Тој изјави дека избрзал со одлуката и смета дека вистинските воини остануваат до крај.

Играчот од средниот ред, кој настапува за Баерн Минхен, по поразот на неговиот национален тим од Бразил со резултат 3:0, најави дека се пензионира од репрезентацијата на Чиле.

Поразот значеше дека Чиле нема да патува на Светското првенство во Русија 2018, и со тоа ја испушта шансата да се бори за уште еден репрезентативен трофеј.

Но, брзо потоа, Видал се премисли и ја соопшти конечната одлука на јавноста.

„Воинот може да плаче, да чувствува страв, и може да разочара, но никогаш не се предава и ќе остане да војува до крај. Чиле е група составена од воини, а јас сум горд што сум дел од таа група. Кога и да ме повикаат, ќе бидам на располагање на националниот тим. Напред Чиле!“, соопшти Видал.

Видал има одиграно 98 натпревари во националниот дрес, и има постигнато 23 гола. Притоа, тој освои и две Копа Америка трофеи, двапати совладувајќи ја Аргентина во финалето.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе