Асанж во затвор доживеал мозочен удар

Кајгана/МИА
/ 12.12.2021 / 11:24

Свршеницата на Џулијан Асанж, Стела Морис, денеска откри дека основачот на WikiLeaks на 27 октомври доживеал мозочен удар во затворот, пренесе Daily Mail.

На Асанж му бил дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно негово појавување пред Високиот суд во октомври, пишува Daily Mail.

-На Џулијан му е тешко и јас се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа само ги зголемува нашите стравови за тоа дали тој ќе може да ја преживее оваа долга правна битка што сè уште трае, рече Морис, која има две деца со Асанж.

Мозочниот удар се случил во октомври, месецот во кој Асанж беше испрашуван од Високиот суд преку видео врска од затворот Белмарш.

„Тоа ги зголемува нашите стравувања дека тој нема да ја преживее оваа долга правна битка. Сè треба да се реши итно. Погледнете ги животните заробени во кафези во зоолошката градина. Тоа им го скратува животот. Тоа е она што се случува со Џулијан. Постојаните тужби се психолошки исклучително стресни“, додаде таа.

Таа истакна дека на Асанж му недостасува свеж воздух, сончева светлина и соодветна исхрана.

Морис кажа дека на 27 октомври Асанж бил премногу болен за да присуствува на рочиштето, но дека судијата не дозволил да го одложи рочиштето.

-Сигурно е ужасно да се слушне жалбата на Високиот суд, во која не можете да учествувате, што зборува за вашето ментално здравје и ризик од самоубиство. Беше во навистина ужасна состојба. Неговиот поглед беше неконзистентен, десниот очен капак не сакаше да се затвори, ја губеше меморијата, изјави Морис.

Асанж потоа бил прегледан од лекар кој открил потенцијално оштетување на нервите.

Џулијан Асанж е сè поблиску до екстрадиција од Велика Британија во САД, откако американската Влада минатата недела го доби случајот за екстрадиција во Лондон.

Високиот суд на Обединетото Кралство ја одобри жалбата на американската Влада на одбивањето да го екстрадира Асанж, отворајќи ја вратата за неговото евентуално судење на американска територија под обвинение за шпионажа.

Тој се бара во САД поради објавување на илјадници доверливи документи преку WikiLeaks во 2010 и 2011 година.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна до 175 години.

реклама

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе