Астронаут со снимка од вселената ги воодушеви корисниците на интернет
Астронаутот на НАСА Ренди Бресник, кој моментално се наоѓа во Меѓународната вселенска станица, објави снимка со која демонстрираше што се случува кога играчката фиџет спинер ќе се најде во вселената.
Бресник експериментира со Њутновите закони во вселената и притоа се забавува.
„Фиџет спинер во вселената. Колку се врти? Не сум сигурен, но е одличен начин да се експериментира во вселената со Њутновите закони“, напиша тој на Твитер.