Астронаути на Nasa правеа пица во вселената
Астронаути на Nasa решија да направат пица во вселената. Како што напишал италијанскиот астронаут Паоло Несполи на Twitter, нивниот шеф ги набавил сите потребни состојки за да направат пица – храна што многу им недостига.
Едноминутното видео што го направи Ренди Бресник е објавено на интернет и ја покажува нивната умешност во подготвување храна во несекојдневни услови.