Левица го објави својот предизборен спот
Под мотото „Неподмитливите во Собранието“ политичката партија Левица денеска премиерно го прикажа својот спот за претстојните парламентарни избори.
„Со децении веќе доаѓаат со план за власт, да земаат, да пустошат и да крадат! Татковината која ја сакаме ја претворија во перална за нивните црни пари! И сега ќе пробаат да дојдат со нивниот расипан план за власт, но нека знаат - овој пат, македонскиот народ има свој план!“, е дел од пораката на Левица во новиот спот.