Астрономи открија нов астероид од категоријата убиец на планети

Астероидот откриен од група американски астрономи е најголемиот кој претставува потенцијална опасност по Земјата пронајден во изминативе 8 години.

Џиновски астероид би можел да ја вкрсти својата патека со онаа Земјата, предупредија група американски научници, додавајќи дека овој што неодамна го откриле е најголемиот откриен во повеќе од 8 години. Наречен 2022 AP7, небесното тело е широко 1,5 километри (0,9 милји), откри тимот, додавајќи дека неговиот потенцијален удар би се почувствувал на повеќе континенти.

„Засега имаме откриено два големи стероиди блиску до Земјата кои се големи околу 1 километар, величина која ја нарекуваме 'убиец на планети'“, вели Скот Шепард, астроном во лабораторијата Земја и планети при Карнеги институтот за наука и водечки автор на трудот во кој се опишува откритието. Но, само 2022 AP7 има орбита која го прави потенцијално опасен по Земјата, според научниците.

Астероидот „убиец на планети“ се криел некаде помеѓу Земјата и Венера, што го отежнувало неговото откривање. Астрономите треба да гледаат во насока на Сонцето за да ја проучат оваа област, а најсовремените орбитални телескопи како James Webb и Hubble не можат да се користат во такви студии бидејќи сјајот на Сонцето ќе ја изгори нивната чувствителна оптика.

„Досега се откриени само околу 25 астероиди со орбити целосно во орбитата на Земјата поради тешкотијата да се набљудува во близина на сјајот на Сонцето“, објасни Шепард. Во овој конкретен случај, научниците го направија откритието користејќи ја камерата за темна енергија на 4-метарскиот телескоп Victor M. Blanco во меѓуамериканската опсерваторија во Серо Тололо во Чиле.

Иако внатрешниот дел на Сончевиот Систем сè уште останува во голема мера тера инкогнита кога станува збор за астероиди, научниците веруваат дека оваа област содржи малку потенцијални опасности за Земјата.

„Веројатно има само уште неколку (блиску до Земјата астероиди, заб. на прев.) со слични големини да се пронајдат“, рече Шепард, додавајќи дека повеќето од нив веројатно имаат орбити што никогаш нема да ги стават на судир со Земјата. Исто така, не е јасно кога, ако некогаш, 2022 AP7 би можел да претставува акутна опасност за Земјата.

Сепак, според веб-страницата Space, астрономите веќе следат дури 2.200 потенцијално опасни астероиди кои се широки повеќе од 1 километар. Ваквите вселенски карпи потенцијално претставуваат опасност за целата планета, бидејќи дури и астероид широк 50 метри може да оштети цел град како Лондон ако експлодира над неговиот центар, забележува медиумот.

Астероидот наречен Апофис има орбита која е опасно блиску до Земјата. Уште во 2020 година, научниците предупредија дека може да ја погоди планетата во 2068 година. Подоцна истата година, оддделот Отсек за плчанетарни науки при Американското астрономско друштво објави дека 370 метри долгата вселенска карпа може да се најде во орбитата на некои од нашите комуникациски сателити најрани во 2029 година.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе