Audi го претстави својот прв електричен SUV - моделот E-Tron

Audi во Сан Франциско одржа светска премиера на моделот E-Tron, само две седмици откако Mercedes го претстави сопствениот електричен SUV - моделот EQC.

По стапките на Tesla, кој уште пред неколку години на клиентите им понуди SUV модел на струја - Model X, со мало задоцнување во таа мисија тргнуваат и германските произведувачи на автомобили.

Кон почетокот на септември дебитираше електричниот SUV на Mercedes, моделот EQC, а сега Audi го претстави неговиот ривал.

Иако E-Tron не е првиот продукциски електричен модел на овој бренд - Audi во 2016 година го претстави спортскиот модел R8 e-Tron на струја, кој после само една година беше повлечен од пазарот поради слабата продажба, сепак германскиот произведувач смета дека вистинската електрична ера започнува токму со новиот SUV.

За разлика од некои други електрични модели од современата продукција, Audi E-Tron по дизајнот на надворешноста не отстапува премногу од останатите модели на овој произведувач.

На прв поглед, автомобилот изгледа како кој било друг SUV на Audi со конвенционален мотор, а дури од блиску се забележуваат мали разлики, како поинаква предна маска.

Германскиот произведувач вели дека автомобилот е конструиран за удобно да превезува до пет возрасни патници.

Во кабината доминираат дигитални екрани - три големи, 2 на централната конзола и еден на инструмент таблата, а во аглите на предните врати под „А“ столбовите се наоѓаат два мали екрани, на кои се прикажува сликата од надворешните камери кои ги менуваат огледалата во ретровизорите.

Имено, Audi на пазарите каде што тоа е регулирано со закон ќе понуди камери наместо класични надворешни ретровизори, што е сличен систем на оној кој го претстави Lexus на својот модел ES за јапонскиот пазар.

Audi на премиерата не ги откри карактеристиките на погонските единици, но откри дека E-Tron е во состојба да забрза од 0 до 96 километри на час за 5,5 секунди, пред да ги достигне максималните 200 километри на час.

Audi својот SUV на струја го претстави во Сан Франциско, па ги најави и цените за американскиот пазар. Продажбата почнува во вториот квартал од 2019 година, а електричниот SUV на Audi ќе биде поевтин од ривалот на Tesla, Model X.

Основната верзија со пакетот Premium Plus ќе чини 74.800 долари, нешто побогато опремениот Prestige има цена од 81.800 долари, а во врвот на понудата ќе биде Audi E-Tron First Edition, кој ќе се продава по цена од 86.700 долари.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе