Авион на американската морнарица ја промаши пистата и слета во вода, потсети на Чудото на Хадсон

Макфакс/Кајгана
/ 21.11.2023 / 09:40

Авион на американската морнарица ја прелета пистата и слета во залив на Хаваи. Властите соопштија дека сите девет лица во авионот се неповредени. Крајбрежната стража реагираше, но спасувачките операции беа брзо прекинати, потврди офицерот Рајан Фишер, портпарол на крајбрежната стража.

Авионот P-8A ја прелета пистата во базата на маринци во заливот Канеохе, изјави наредникот Орландо Перес, портпарол на американските маринци. Тој немаше дополнителни информации. Фотографијата направена од сведок го покажува авионот на вода веднаш до брегот, сцена која потсетува на Чудото на Хадсон од 2009 година, кога комерцијален патнички авион управуван од Чесли „Сали“ Саленбергер принудно слета на реката во Њујорк.

Тогаш преживеаја сите 155 луѓе во авионот Airbus A320 од летот 1549 на US Airways што го пилотираше Саленбергер. Тој Airbus A320 и овој P-8A се со приближно со иста големина, пишува Associated Press.

Дајан Диркс и нејзиното семејство штотуку се вратиле на пристаништето откако дождливото време го прекинало нивното патување со понтонски брод кога нејзината ќерка забележала авион на морнарицата во водата.

„Трчавме до крајот на пристаништето и направив неколку фотографии“, рече таа. Потоа слушнале сирени од секаде. Диркс вели дека нејзината ќерка имала двоглед за набљудување птици, па можеле да го гледаат авионот и чамците за спасување како пристигнуваат.

URL

Противпожарната служба во Хонолулу добила пријава за авионот веднаш по 14 часот по локално време, изјави портпаролот Малколм К. Медрано. „Во тоа време беше облачно и врнежливо. Видливоста беше околу 1,5 километар“, рече Томас Вон, метеоролог од Националната метеоролошка служба во Хонолулу.

Чудото на Хадсон беше и екранизирано со филмот „Sully“ од 2016 година во режија на Клинт Иствуд и со Том Хенкс во главната улога како капетанот Сали Саленбергер.

Remote video URL
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Свет

Путин испрати предупредување до Западот

Read more

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Read more

Поради Лавров: Украинскиот министер Кулеба не доаѓа на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Read more

Северна Кореја: Со шпионски сателит направивме детални снимки на Белата куќа и Пентагон

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица: Трамвај наместо БРТ на Шилегов, конечни место половични решенија

Читај повеќе

Путин испрати предупредување до Западот

Читај повеќе

Комуналците од Тетово излегоа на штрајк поради неисплатени плати

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај на 29 и 30 ноември во Скопје

Читај повеќе

Се продава легендарниот хотел Славија во Белград

Читај повеќе

Амбулантите и болниците ќе работат за време на министерскиот состанок на ОБСЕ

Читај повеќе

Во Белград градски автобус се преполови буквално па половина

Читај повеќе

Естонија, Латвија и Литванија ќе го бојкотираат состанокот на ОБСЕ во Скопје поради Русија

Читај повеќе

Поради Лавров: Украинскиот министер Кулеба не доаѓа на состанокот на ОБСЕ во Скопје

Читај повеќе