Австралија: Најмногу починати од COVID-19 во еден ден, но и најмалку новозаразени

Австралија регистрираше најмногу починати од COVID-19 во еден ден откако е почната пандемијата, во време кога Мелбурн го зафати вториот бран од заразата.

Во Викторија, каде Мелбурн е главен град, денеска беа регистрирани 19 смртни случаи од коронавирусот.

Во Викторија се регистрирани две третини од вкупно 314 смртни случаи и речиси 21.400 заразени во цела Австралија.

Меѓутоа, дневната бројка на новозаразени, иако уште се брои во стотици, деновиве опаѓа, што покажува дека строгиот карантин има ефект.

Вториот бран рестриктивни мерки во Мелбурн почна пред повеќе од еден месец, но локалните жители се под построг карантин од 3 август.

Вработените мора да носат дозвола за излез од нивните домови, а бизнисите кои не се од најнеопходно значење се затворени. Носењето маски во јавност е задолжително.

Во Викторија денеска беа регистрирани 322 нови случаи, што е помалку од 725 колку што беа забележани пред пет дена.

Изминатава недела се регистрирани 100 смртни случаи од COVID-19 во Викторија, а бројот на хоспитализирани пациенти исто така порасна. Најголемиот број смртни случаи се во домовите за стари лица.

Премиерот на Викторија Даниел Ендруз рече дека „видно е дека строгите мерки донесоа стабилност“, но нагласи дека не смее да има опуштање.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе