Австрија и Финска се нудат за место на средбата Бајден - Путин

Алпската и скандинавската земја ги понудија своите престолнини за потенцијалната средба од највисоко ниво помеѓу претседателите на двете водечки светски сили, САД и Русија.

Откако Џо Бајден изјави дека средбата треба да се одржи на неутрален терен во трета земја, Австрија ја понуди својата Виена да биде местото каде ќе се одржи оваа средба.

„Доколку Русија и САД одлучат да одржат самит на претседателско ниво, тоа е за пофалба. Одлуката дали, кога и каде таков самит би се одржал зависи од двете држави. Се разбира, Австрија секогаш ќе биде расположена за вакви преговори на високо ниво“, изјави претставник на австриското министерство за надворешни работи за московската агенција РИА Новости.

И Финска се понуди да биде домаќин на средбата. Синоќа телефонски разговор остварија финскиот претседател Саули Ниинисте и Владимир Путин. Во 2018 година Финска во  Хелсинки го одржа самитот помеѓу Доналд Трамп и Путин кој беше оценет како доста непродуктивен.

Историски гледано, Виена многупати била домаќин на средби помеѓу Москва и Вапингтон, а воедно е редовен домаќин на разговорите околу контролата на наоружувањето. Последниот самит на кои беа и САД и Русија во Виена се одржа минатиот јули кога фокусот беше на безбедноста во вселената и нуклеарните оружја.

реклама

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Министерот Филипче се сретна со сопствениците на три приватни болници

Read more
Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Најбогат меѓу покојните ѕвезди

Read more

Динамо останува без тренер, потврдена затворската казна за Мамиќ

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе