Австриските комунисти сè посилни: Го „освоија“ Грац, а сега ќе имаат и заменик-градоначалник на Салцбург

Кандидатот на Социјалдемократската партија на Австрија (SPÖ) Бернхард Ојнгер е победник на завчерашните избори за градоначалник на Салцбург. Заменик-градоначалник ќе биде Кај-Михаел Данкл од Комунистичката партија (KPÖ).

Ојнгер и Данкл беа конкуренти во вториот круг од изборите, кои весникот Der Standard го нарече дуел меѓу црвената и темноцрвената. Со оглед на тоа што комунистички кандидат за прв пат влезе во вториот изборен круг во Салцбург, изборот привлече внимание и надвор од Австрија.

Излезноста на изборите беше 46,78 отсто, од кои Ојнгер ја доби довербата на 62,47 отсто од гласачите, додека неговиот противкандидат ја доби довербата од 37,53 отсто од гласачите. Победата на Ојнгер го претставува враќањето на социјалдемократите на власт во Салцбург.

Одличниот изборен резултат во Салцбург го продолжи растот на Комунистичката партија на Австрија, кој започна со нивната победа во Грац во 2021 година. Градоначалничката на Грац, Елке Кар – единствениот комунист на чело на голем европски град – беше прогласена за „најдобар градоначалник во светот“ за 2023 година.

Според Der Standard, пред неколку години беше незамисливо комунистички кандидат да добие речиси 40 отсто од гласовите. Заменик-градоначалникот Данкл истакна дека домувањето треба да биде достапно за секого, како една од целите.

Кај-Михаел Данкл, заменик-градоначалник на Салцбург

SPÖ и KPÖ ќе доминираат и во градскиот совет. Имено, социјалдемократите ќе имаат 11 мандати, додека комунистите десет мандати. Од друга страна, дотогашната владејачка партија во Салцбург, Австриската народна партија (ÖVP), значително ослабе. По завчерашните избори, бројот на нивните мандати е преполовен на осум, а по број на советнички мандати се трети.

Следуваат Зелените со пет мандати, десничарската Партија на слободата (FPÖ) има четири мандати, додека партиите NEOS (Das Neue Österreich und Liberales Forum) и Salz имаат по еден мандат.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе