Автопилотот на Tesla не успеа да спречи судар, властите ја испитуваат смртта на возачот

Американската Администрација за безбедност во сообраќајот (NHTSA) отвори истрага за системите на Tesla Model S откако еден возач загина додека бил вклучен делумно-автономниот автопилот во автомобилот. Случајот е прв во кој е вклучен автомобил Tesla Model S со систем за делумно-автономно возење, а кој има трагичен епилог.

Несреќата која се случила на чист сончев ден откако шлепер свртел пред Model S, ќе ја разгори дебатата во автомобилската индустрија и во правната сфера, за системите кои нудат автономно возење.

Производителот на луксузните електрични Tesla автомобили изјави дека ниту автопилотот ниту возачот не ја забележале белата приколка на камионот, па автомобилот воопшто не сопирал. Бидејќи приколката била висока, Model S поминал под неа, а во несреќата настрадал возачот.

Tesla нагласува дека ако имало судар со предниот или задниот дел на автомобилот, дури и при високи брзини, системот ќе спречел сериозни повреди. Исто така нагласуваат дека за да се активира, возачот мора да прифати дека тие се одговорни за возењето.

„Ова е многу слично како автопилотот кај авионите. Тие ја намалуваат работата на пилотите и ја зголемуваат безбедноста, но не треба безбедното летање целосно да се потпира на автопилотот без човечка контрола“ - изјави Елон Маск.

Со оглед на тоа дека повеќе автомобилски брендови во моментот работат на делумно автономни и автономни системи, оваа несреќа предизвика загрижувачки реакции. Сепак, извесно е дека овој инцидент ќе предизвика и дополнителни вложувања и истражувања за да се подобри автопилот функцијата кај автомобилите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Авто новости

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more

Колку е навистина реално автоматското возење?

Read more

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more
 

Автомобили

  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе