Азербејџан окупира област близу Карабах, изгубена пред скоро 30 години

МИА/КАЈГАНА
/ 20.11.2020 / 10:45

Азербејџан соопшти дека нивни трупи влегле во погранична област со Нагорно-Карабах, што беше предадена од ерменските сепаратисти по речиси 30 години, како дел од мировниот договор со посредство на Русија.

„Денеска војниците влегоа во областа Агдам, една од трите кои Ерменците ќе ги предадат“, објави Министерството за одбрана на Азербејџан. Вчера колони од ерменски војници и тенкови ја напуштија територијата.

Ереван, исто така, ќе го предаде регионот Келбајар меѓу Карабах и Ерменија на 25 ноември и регионот Лачин на 1 декември. Азербејџан и ерменските сепаратисти влегоа во шестнеделна крвава војна за Нагорно-Карабах кон крајот на септември. Илјадници беа убиени, а многумина беа принудени да ги напуштат своите домови за време на конфликтот.

Минатата недела двете завојувани страни се согласија на рамката за ставање крај на конфликтот, со посредство на Русија. Москва испрати мировници во регионот и побара Ерменија да му ја предаде територијата на Азербејџан. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе