Бадијала бришете историја: Зошто 18+ филмови не треба да гледате на телефон?

Доколку сте љубител на филмови за возрасни, а имате навика да ги гледате на телефон, експертите ве предупредуваат веднаш да престанете.

Ако сакате поrнографија и спаѓате во групата на луѓе кои гледаат филмови за возрасни на својот мобилен телефон, тогаш можеби ќе се изненадите дека вашата навика не е толку тајна како што мислевте.

„Гледањето порнографија на мобилен телефон претставува многу поголема закана за безбедноста на корисниците отколку гледањето порнографија на десктоп компјутери“, соопшти технолошката компанија Wandera, специјализирана за интернет безбедност.

„Оперативните системи на паметните телефони, особено Android, се многу помалку безбедни од оперативните системи на десктоп компјутерите, со оглед на големиот број пропусти кои сајбер-криминалците лесно би можеле да ги злоупотребат“, предупредува компанијата.

Тие, исто така, спроведоа истражување кое откри дека 40 од 50-те најпопуларни порно сајтови се ранливи на малициозен софтвер. Станува збор за вируси кои многу лесно се инсталираат на вашиот телефон и на тој начин собираат приватни податоци и податоци за вашите навики. Тогаш хакерите влегуваат во игра и го користат таквото знаење за да ги уценуваат сопствениците на мобилни телефони.

Така, во 2016 година излезе веста дека протекоа лични податоци на повеќе од 800.000 корисници на веб-страницата Brazzers. Во тој случај, не ви помага да ја исчистите вашата историја, бидејќи постои начин некој да ги види сите страници што некогаш сте ги избришале. Можеби се сеќавате на двајцата експерти за сајбер-безбедност кои успеаја да ја откријат интимната веб-историја на 3 милиони Германци, вклучително и јавни личности како што се политичарите.

Корисниците на интернет треба да обрнат големо внимание на рекламите што носат малициозен софтвер, како и на сомнителната е-пошта што содржи вируси.

Компанијата Wandera откри и дека најпопуларен ден за гледање филмови во Обединетото Кралство е петок, додека најмалку омилен е понеделник.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Љубов и секс

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе