Баерн се плаши од колапс на Барса, ги сака парите за Левандовски веднаш

Барселона со сите сили се обидува да го доведе Роберт Левандовски (33) кој реши да го напушти Баерн.

Баварците на почетокот не сакаа да ја исполнат неговата желба бидејќи договорот му важи уште една година, но полската ѕвезда јавно се огласи дека повеќе не сака да игра за Баерн, клубот во кој помина осум години и постигна 344 голови на 375 настапи. Во Минхен заклучија дека нема смисла да го држат на сила, па затоа се подготвени да преговараат.

Сепак, клубовите не можеа да се договорат за обештетувањето. Баерн би бил спремен да прифати 50 милиони евра, а Барселона наводно понудила веднаш да плати 40 милиони, а остатокот да стига на рати. Иако сумата што ја бараше Баерн беше исполнета, таа понуда беше одбиена.

Новинарот на The Athletic и Der Spiegel Рафаел Хонигштајн во подкастот The Totally Football Show изјави дека Баерн сака целата сума да биде исплатена веднаш, без никакви рати. Тој изјави и дека Баерн им рекол на Каталонците дека „Барселона можеби нема да постои за година или две“.

Marca: Продолжува фрустрацијата на Барселона

Marca беше таа која ги истакна финансиските проблеми на Барселона минатата недела како проблем кој може да го спречи доаѓањето на Левандовски.

„Во Барселона веќе треба да почнат да се подготвуваат за опцијата дека сè со Левандовски може да пропадне. Историјата нè учи дека такви работи се можни со Барселона, особено поради лошата финансиска состојба во клубот“, пишува шпанскиот весник.

Да потсетиме, во март минатата година актуелниот претседател на Барса, Жоан Лапорта го наследи Хосеп Марија Бартомеу, а со него и големи финансиски проблеми. Со исклучок на Феран Торес, кој пристигна во јануари за 55 милиони евра, сите играчи кои Барса ги доведе во последните година и пол дојдоа без обештетување, исто како Андреас Кристенсен и Франк Кесие летово.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе