Во својот прв говор како претседател на САД, Џо Бајден на Американците и светот им порача дека денеска е ден на Америка, ден на демократијата, ден на историјата и надежта, ден на обновување.
-Америка е на висината на предизвикот. Денес го славиме триумфот на демократијата, рече Бајден.
Тој од сè срце им се заблагодари на неговите претходници од двете страни, посебно заблагодарувајќи му се на досегашниот потпретседател Мајк Пенс за поддршката и присуството на свеченоста.
Од говорницата тој јасно и силно порача дека сонот за правда за сите веќе нема да се одложува.
-Милиони работни места се изгубени, стотици илјади компании се затворени. Подемот на политичкиот екстремизам и домашниот тероризам е нешто со што треба да се соочиме и мора да го победиме, рече тој.
„Она што ни треба е единството – тоа што е најтешко да се постигне во демократијата“, додаде Бајден.
-Насилство нема веќе да се случи овде. Ниту денес, ниту никогаш повеќе, порача гласно Џо Бајден.