Бајден повика на обединување на нацијата, Трамп нема да го покани во Белата куќа

МИА/КАЈГАНА
/ 08.11.2020 / 09:54

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден вчеравечер се обрати на длабоко поделената нација, заложувајќи се за единство и разбирање по четирите години на власт на претседателот Доналд Трамп, кој засега не покажа никакви знаци дека планира да го признае поразот.

„Дојде време Америка да се обедини“, порача новоизбраниот претседател Џо Бајден во својот прв говор откако беше прогласен за победник на изборите во САД од водечките медиуми во САД.

Бајден говорот го одржа во Вилмингтон, Делавер, неговото постојано место на живеење.

Неговиот настап вчера се исчекуваше со нетрпение низ цела Америка, откако попладнето илјадници граѓани, претежно млади, се собираа по улиците на големите градови како Филаделфија, Њујорк, Вашингтон и Аталанта да прослават за неговата победа.

„Ветувам дека ќе бидам претседател кој ја обединува нацијата… Јас сум демократ, но ќе работам напорно како Американец“, порача тој.

„Народот го кажа своето, тие ни ја обезбедија победата“, истакна Бајден, обраќајќи се на нацијата од Вилмингтон, Делавер.

„Сакам да бидам претседател кој нема да разединува, туку што обединува, претседател што не гледа сини и црвени држави, туку Соединети Американски Држави“, истакна Бајден.

Тој најави дека ќе даде сѐ од себе Америка да ја направи почитувана низ целиот свет.

„Јас сум сопруг на Џил и не би бил тука без неа. Џил ќе биде одлична прва дама“, рече избраниот претседател, дополнувајќи дека не би бил тука вечерва без љубовта на неговата сопруга, деца, внуци и целото семејство.

Тој ѝ се заблагодари и на Камила Харис, која со него е избрана за потпретседателка на САД. Бајден, исто така, им се заблагодари на сите што овозможија одржување на изборите среде пандемијата.

Remote video URL

Тој потенцираше дека го разбира разочарувањето на приврзаниците на Трамп.

„Јас изгубив неколкупати. Но сега, ајде да си дадеме шанса едни на други. Ова е време Америка да се исцели“, потенцираше поранешниот потпретседател на САД.

„Ајде да бидеме онаква нација каква што можеме да бидеме. Избран сум од демократите, но ќе бидам претседател и за оние што не гласаа за мене…Треба да престанеме да гледаме на опонентите како на непријатели. Да ја завршима тажната ера на демонизаиција, овде и сега.“

URL

На поддржувачите на актуелниот претседател, Доналд Трамп, им порача: „Дајте ни шанса“. Бајден потоа цитираше извадоци од Бибилјата кои завршуваат со зборови „време е за исцелување“.

Порача дека неговата Администрација ќе соработува напорно и ефективно со научната заедница на САД за да се победи пандемијата, дека ќе гради просперитет и ќе им се дава „праведна можност на сите“. Дека ќе се изгради здравството и усоврши американската демократија.

URL
Харис: Се раѓа нов ден за Америка

Избраната потпретседалка, Камала Харис, во најавата за настапот на Бајден истакна дека „се раѓа нов ден за Америка“. Харис, сенаторка од Демократската партија од Калифорнија, е првата Афроамериканска жени на таа позиција. Таа има индиско и јамајканско потекло.

„Избравте надеж, наука и вистина. Го избравте Џо Бајден за следен претседател на САД“, потенцираше Харис.

Таа го опиша Бајден како стабилен и цврст човек, а за неговата сопруга Џил рече дека ќе биде одлична прва дама. Таа исто така им се заблагодари на сите жени кои работеа за правото на глас на жените.

Харис, исто така, им се заблагодари на сопругот, мајка си и целото семејство.

„Можеби сум првата жена на оваа позиција, но не сум последна. Бидејќи ова е земја на можности. Сонувајте со амбиција“, рече таа.

„За Американците, без оглед за кого гласавте. Ќе му бидам потпретседателка на Џо, како што беше тој на Барак Обама“, потенцираше досегашната сенаторка.

Трамп не планира да го покани Бајден во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп не планира да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјави извор за CNN.

Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу сегашниот лидер и новоизбраниот претседател. Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и дека разговарале за Северна Кореја.

Претходно, американскиотпретседател објави дека не го признава својат пораз иако медиумите во САД веќе го најавија Бајден за нов претседател.

Уставот на САД не бара кандидат да признае пораз од својот противник, но тоа е долга традиција во американската политика и се смета за знак на мирна транзиција на власта.

Демократите ја задржуваат контролата во Претставничкиот дом

Демократската партија на САД ја задржува контролата врз Претставничкиот дом, јави CNN.

Иако сѐ уште има нерешени проблеми, статистичките модели на медиумите покажуваат дека демократите го задржуваат мнозинството.

Демократите во моментов имаат 211 место, со 218 потребни за контрола на Долниот дом. Освојуваат две места и губат седум.

Републиканците имаат 197 места, освоија  осум и загубија две.

До јануари нема мнозинство во Сенатот на САД

Одлуката за мнозинството во американскиот Сенат ќе биде донесена во јануари во Џорџија, што е многу важно за претседателскиот мандат на Џо Бајден и веќе е предмет на интензивна политичка борба.

Ниту републиканскиот сенатор Дејвид Пердју, ниту неговиот демократски ривал Џон Ософ не успеаја да добијат повеќе од 50 проценти од гласовите, па тие ќе се натпреваруваат во вториот круг на 5 јануари. Вториот претставник на Џорџија во Сенатот ќе биде назначен истиот ден.

Доколку демократите ги освојат тие две места, тие ќе го преземат Сенатот од републиканците. Во САД ниту еден закон не може да се донесе без согласност на Сенатот.

„Сега ја земаме Џорџија и го менуваме светот“, рече лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, пред насобраните во Њујорк, славејќи ја победата на Бајден.

Републиканците во моментов имаат мнозинство во Сенатот, со 53 од 100 места. Истовремено со претседателските избори, се одржаа избори за 35 места во Сенатот. Ако ја презеде функцијата на 20 јануари како американска потпретседателка, Камала Харис може да гласа и да одлучи да гласа доколку односот е 50-50.

Демократите ги поразија републиканските сенатори во Колорадо и Аризона, но загубија едно место во Алабама. Освен изборите во Џорџија, резултатите од изборите за еден сенатор од Северна Каролина и еден од Аљаска не се познати, иако според достапните податоци работите одат во прилог на републиканците.

реклама

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Свет

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Read more

Авион на Boeing без предни тркала безбедно слета во Истанбул

Read more

Популарноста на Америка во светот опаѓа, а на Русија и на Кина расте, покажува истражување

Read more

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Read more
 

Вести

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе

Груби ги бојкотираше претседателските избори

Читај повеќе
  • play_arrow

Муцунски: Бојкотот не успеа, ДУИ оди во опозиција

Читај повеќе
  • play_arrow

ДИК: Ќе се избере претседател, излезноста надмина 40%

Читај повеќе
  • play_arrow

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Читај повеќе

75-годишен маж прегазен на паркинг во Скопје, сторителот побегнал

Читај повеќе

Кремљ: Мешањето на силите на НАТО во украинскиот конфликт – огромна опасност

Читај повеќе