Бајден vs. Трамп: Стигна најновата анкета за шесте одлучувачки држави

САД ќе изберат нов - или стар - претседател на 3 ноември, во зависност од тоа дали на изборите ќе победи актуелниот претседател Доналд Трамп или неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател Џо Бајден.

Но, изборите во Соединетите Американски Држави се различни отколку во другите земји, а изборите оваа година можно е да бидат и поразлични од досегашните.

На американската политичка сцена апсолутно доминираат две партии - демократите, кои ја претставуваат либерално-прогресивната струја во американската политика и чиј кандидат е Бајден (77) и републиканците, чиј кандидат е Трамп (74) и кои ја претставуваат конзервативната струја. Последен демократски претседател беше Барак Обама (2009-2017), со Бајден како потпретседател, а последниот републикански кандидат пред Трамп беше Џорџ В. Буш (2001-2009).

За волја на вистината, Трамп и Бајден не се единствените официјални кандидати, така што Американците уморни од дуополот на републиканците и демократите ќе можат да гласаат за Jо Јоргенсен, кандидатката на Либертаријанската партија, Хауи Хокинс, кандидат на Зелената партија и за уште седум кандидати, во зависност од државата во која гласаат - вклучувајќи го и раперот Кање Вест. Но, демократскиот и републиканскиот кандидат се единствените кои реално имаат шанса да победат.

Трамп објави уште едно видео на Twitter

Трамп, денеска, во предвечерјето на изборите, е многу активен на социјалните мрежи. Тој објави уште едно видео во кое ги повикува луѓето да гласаат порано.

Тој додава дека тие мора да гласаат лично, а не по пошта, „за да не им бидат украдени гласовите“.

URL
Новата анкета покажува дека гласале 94 милиони луѓе

Повеќе од 94 милиони луѓе веќе гласаа, според US Elections Project, предводен од Мајкл Мекдоналд, професор на Универзитетот во Флорида.

Според неговите проценки, најмногу рани гласови дошле од Калифорнија, 11 милиони. Следува Тексас со 9,7 милиони, а Флорида е трета со 8,7 милиони предвремени гласови.

Објавена е нова анкета за одлучувачките држави

Објавени се резултатите од најновата анкета за испитувње на јавното мислење во шесте држави одлучувачки спроведено од RealClearPolitics:

Флорида: Бајден води со 1,4%

Пенсилванија: Бајден води со 4,3%

Мичиген: Бајден води со 5,1%

Висконсин: Бајден води со 6,6%

Северна Каролина: Бајден води со 0,3%

Аризона: Бајден води со 1,2%

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Свет

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Read more

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Read more

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе