СЕРИЈА А 2019/20

Балотели подранил на тренинг, но го избркале

Се чини деновите на Марио Балотели во Бреша се избројани откако утринава не му било дозволено ниту да се појави на тимската тренинг сесија, иако не задоцнил, напротив, дошол порано.

Денеска за 9:00 часот тимот на Бреша имаше закажано утрински тренинг во Торболе Казаља тренинг центарот. Марио Балотели се појавил 20 минути порано, но од претставник на клубот не му било дозволено да влезе и по краток разговор бил приморан да го напушти центарот.

„Ајде сега кажете дека не сакам да тренирам...“, им рекол проблематичниот Марио на новинарите од кои претходно беше обвинуван дека тренинзите не ги сфаќа сериозно.

Претодно, клупските лекари му забранија да тренира поради гастроентеритис, а од денеска требаше да се врати на зелениот терен. Бреша токму со тоа се правда. Известувањето од лекарите дека Марио може да им се врати на тренинзите, наводно стигнало доцна и одговорните во клубот не го виделе навреме, па затоа не му бил дозволен влез.

Сепак, познат е ставот на претседателот Масимо Челино кој инсистира Балотели да го раскине договорот со Бреша и тоа на штета на играчот, односно клубот да не му ги исплати средствата кои на играчот му следуваат за предвремен раскин.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе