Барела: Со Конте беше еден ист концепт, Инѕаги ни дава повеќе слобода

Играчот на Интер заслужено ја доби наградата за играч од средината на годината од La Gazzetta dello Sport.

„Беше неверојатна година, но сѐ почна со поразот во финалето од Лига Европа. Од тој момент почнавме нешто кое трае до ден денес“, вели тој.

Николо Барела потоа го освои Скудетото со Интер, а со Италија триумфираше на ЕУРО 2020. „Нераѕурите“ сега се лидери во Серија А со бод предност пред градскиот ривал Милан.

„Има поголема конкуренција отколку лани, но ние имаме нешто плус од останатите. Имаме свесност и искуство, знаеме како да победуваме бидејќи веќе го имаме направено тоа. Тоа го чувствуваме на теренот, а го чувствуваат и нашите противници“.

Но, како Интер се подобри откако Антонио Конте си замина?

„Инѕаги ни остава повеќе простор за слободна игра. Не ме сфаќајте дека Конте нѐ форсирал да правиме нешто. Но, харизмата на Инѕаги прави сите да се чувствуваат инволвирани, оставајќи нѐ да носиме самите одлуки. И тоа како ни требаше такво нешто после две сезони во кои секогаш следевме еден ист концепт“, ја објаснува разликата помеѓу двата стратега.

Интер минатово лето остана без двајца од своите најдобри играчи: голгетерот Ромелу Лукаку и латералниот бек Ашраф Хакими.

„Неколкумина си заминаа летоска, но донесовме други големи фудбалери. Сакаме да покажеме дека сѐ уште сме најдобри“.

Барела беше виновникот поради кој Интер загуби од Реал во последното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите и поради тоа како втор влезе во жрепката, каде го доби Ливерпул. Барела поради црвениот картон нема да може да игра на првиот натпревар, а доколку казната е само еден натпревар суспензија, ќе може да игра на реваншот. Одлука допрва треба да донесе УЕФА.

„Во првите 60 минути доминиравме во Мадрид и потоа направив глупост која ни ја уништи играта. Се надевам дека ќе можам да играм на реваншот“, се надева тој.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе