Фудбал

Барса и Реал добија конкурент, Јуве со понуда за Нејмар

20. август 2019 - 9:10 | Ф.З.

„Бјанконерите“ посакуваат тандем Нејмар - Кристијано Роналдо во нападот па затоа на ПСЖ му го понудија Пауло Дибала плус пари за да го добијат Бразилецот.

Понудата на Јувентус е 100 милиони евра плус аргентинскиот напаѓач кој не е во плановите на Маурицио Сари и за кого ПСЖ веќе има изразено интерес. Сепак, тоа би било помалку од она што ПСЖ ѝ го плати на Барса кога го доведе Нејмар, 222 милиони евра бидејќи вредноста Дибала моментално е 80 милиони евра.

Бразилецот има желба да се врати во Барселона, но помислата да му биде пратнер на Кристијано Роналдо може да влијае врз неговата одлука. Проблем за Барса е и тоа што ПСЖ не сака да се откаже од Нејмар без обезбедена негова замена, а Јуве токму тоа го има како џокер.

Коментирај