Барса не ми требаше: Гризман им се извини на навивачите на Атлетико

Французинот се покаја што во 2019 година го напушти Мадрид и се пресели во Каталонија.

Фудбалерот на мадридски Атлетико и франциски репрезентативец, Антоан Гризман, им се извини на навивачите затоа мшто во 2019 година премина во Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Гризман (31) играше за Атлетико од 2014 до 2019 година, а потоа се пресели во Барселона. Минатата сезона настапуваше за Атлетико како позајмен играч токму од Барса.

Пред неколку дена Атлетико го откупи договорот на францускиот фудбалер, а пред два дена Гризман му донесе победа на својот тим против Атлетик и тоа среде Билбао.

„Промашив пенал во Бриж, а потоа во реваншот имав многу шанси. Сакав да постигнам гол, навистина сакав да му помогнам на тимот. Фактот што не можев да започнам на почетокот на сезоната беше фрустрирачки. Се обидов да му помогнам на тимот, било како замена или како стартер. Ќе бидам среќен, бидејќи децата ќе ме прашаат дали сум постигнал гол или не, а можам да им кажам дека сум постигнал“, изјави Гризман.

Тој истакна дека верува оти Атлетико ќе постигне добри резултати во преостанатиот дел од сезоната.

„Многу сум горд што го потпишав договорот. Се извинувам што го напуштив клубот, бидејќи разбирам колку тоа ги повреди навивачите. Им се извинувам за штетата што на сите им ја нанесов со тој потег. Ќе молам за прошка на теренот каде на сите ќе им покажам колку ми значи овој клубот. На вистинскиот пат сме“, изјави Гризман.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе