Барселона под „Претседателот“ Пике: Чави и Иниеста тренери, Ноу Камп го менува името

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике, има намера да се пензионира по крајот на следната сезона и да се кандидира за претседател на клубот веќе во 2021 година, пренесува шпанскиот Mundo Deportivo.

Бидејќи во февруари ќе го прослави неговиот 32 роденден, Пике уште од сега размислува за пензија од активно играње фудбал, но изгледа дека неговата посветеност кон Барселона ќе продолжи и по крајот на играчката кариера.

Поради неговите претседателски амбиции, соиграчите уште одамна го нарекуваат „Претседателот“, а тој е решен да им покаже дека е сериозен во неговите намери. Шпанскиот весник Mundo Deportivo тврди дека Пике веќе разработил план за претседателската кампања во кој е вклучена и иднината на Барселона во годините кои доаѓаат.

Доколку успее да стане претседател на клубот, Џерард Пике ќе се опкружи со неговите долгогодишни пријатели во кои има доверба како на теренот, така и надвор од него. Тој има намера да го постави долгогодишниот капитен Карлес Пујол за технички директор на Барселона, додека дуото Чави – Иниеста би се нашло на тренерската клупа, делејќи ја одговорноста помеѓу нив двајца.

Неговиот најважен проект се смета дека е комерцијализацијата на Ноу Камп. Според Mundo Deportivo, едно од потенцијалните имиња на стадионот би било Вака Вака Камп Ноу, што алудира на песната која неговата сопруга Шакира ја испеа за потребите на Светското првенство во Јужна Африка, „Waka Waka (This Time for Africa)“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе