Суперхеројската авантура со новиот Бетмен, чија улога ја толкува актерот Роберт Патисон, трета недела по ред владее со бокс-офисот во Северна Америка.
Филмот заработи 36.8 милиони долари во текот на изминатиот викенд, пренесе Variety. Благодарение на гледаноста во киносалите, Бетмен заработи над 300 милиони долари во Северна Америка.
Кога станува збор за интернационалниот бокс-офис, филмот беше премиерно прикажан во Кина, каде 43% од киносалите се затворени, и заработи 12.1 милион долари. На меѓународно ниво, филмот досега заработи над 598 милиони долари.
Ова претставува комерцијална победа за Warner Bros, студиото потроши 200 милиони долари за да го продуцира The Batman, како и неколку милиони долари за рекламирање на филмот во различни делови во светот.