
Њујорчанецот Џеј Двек е поранешен банкар и страствен колекционер на виолини, кој го ангажирал Cipriano Landscape Design за да создаде базен што ќе ја одрази неговата љубов и страст кон виолините.
Тимот составен од Крис Чиприано, Кит Стејнхоф, Ден Ши и Вилијам Мур сонот на клиентот го претвориле во реалност со комплетирање на овој „Страдивариус базен“.

Базенот има спектакуларна естетика без разлика на погледот што ќе го изберете, одблиску или оддалеку. Оваа „виолина Страдивариус“ се потпира на конструкција од бетон и челик, над која се залепени повеќе од половина милион стаклени плочки, сето тоа комплетирано со неверојатни технички карактеристики. Базенот е опремен со систем за греење кој овозможува користење во текот на целата година. Исто така, има вграден подводен систем со 8 звучници кој ви овозможува да слушате музика додека пливате.

Сите инсталации, осветлувањето и поставките за базенот се контролираат безжично, директно со помош на iPhone. Местото на виолината каде што обично лежи брадата во случајот со овој базен е спа центар за 12 лица направен од црни стаклени плочки и осветлен со LED диоди.

Жиците од виолината се направени од проѕирни стаклени плочи вградени со 6.800 нишки оптички влакна. Секоја низа може индивидуално да се контролира и синхронизира за да се осветли во склад со музиката. Лакот што го пресекува вратот на виолината всушност е направен од две мали езерца, опремени со проѕирни акрилни панели, така што капачите во базенот можат директно да ги видат рибите.

Базенот е опремен со инсталација која може да пумпа 7.500 литри вода во минута, имитирајќи доволно брза река. Оптичките влакна го опкружуваат целиот базен и заедно со светлечките жици ноќе формираат волшебна слика, создавајќи посебен амбиент.

Како сето тоа да не е доволно луксузно и посебно, базенот се наоѓа во дворот на спектакуларен дворец кој чини над 10 милиони долари.

