Бебе почина од компликации од морбили

Скопје, 3 мај 2019 (МИА) – Според информации од Клиниката за детски болести, во текот на вчерашниот ден десет и полмесечното бебе кое повеќе од две недели беше на интензивна нега починало како последица од компликации од мали сипаници, изјави денеска доктор Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје.

Ова е четврти смртен случај како последица од мали сипаници од почетокот на прогласувањето на епидемијата досега. Кај починатото дете претходно не биле регистрирани хронични заболувања и не било вакцинирано.

„Имало тешка пневмонија, мозочно крварење“, рече Микиќ и апелираше дека малите сипаници се навистина сериозно заболување и претставуваат повеќесистемско заболување и може да ги нападнат сите органски системи и системот за дишење и централниот нервен систем, интестинален систем.

Нагласи дека во изминатата недела биле пријавени 113 сомнителни случаи од кои кај 110 се регистрирани мали сипаници. Од нив, 46 се во Скопје, а 64 се од другите градови.

„Се уште се одржува висока активност на вирусот на морбили. Очекуваме доколку се зголеми бројот на вакцинираните особено кај претшколските деца надвор од Македонија дека оваа бројка ќе почне да се намалува. Повеќе од три четвртини од новопријавените случаи се невакцинирани, а најголем број се деца, значи половина се деца на возраст до четири години, но има и висок број на регистрирани случаи кај повозрасните групи односно кај лица на возраст над 30 години“, рече д-р Микиќ.

Тој додаде дека во однос на возрасната дистрибуција повеќе од 217 се деца на возраст под една година. Посочи дека оваа недела има зголемување на бројот на вакцинирани деца. Минатата недела биле вакцинирани повеќе од 500 деца во Скопје, а повеќе од 50 отсто споредено со минатата недела биле вакцинирани во другите градови.

„Се уште сме далеку од онаа бројка  што сакаме да ја постигнеме односно повеќе од 95 отсто опфат на вакцинирани деца надвор од Скопје затоа што во Скопје речиси ја достигнавме онаа посакувана бројка на вакцинирани деца и имаме само помалку од 3.000 невакцинирани деца. Вкупно треба да се вакцинираат уште 19.926 деца од кои во Скопје се 2.900, а останатите 16.000 се во другите градови“, истакна д-р Микиќ и додаде дека од кога е почната теренската вакцинација до сега вкупно се вакцинирани 22.930 деца од кои 13.375 се од Скопје, а 9.555 се во другите градови.

реклама

Филипче ја објави официјалната бројка на новозаразени, вкупно се 180

Read more

Потврдени 177 нови случаи на заболени со COVID-19

Read more

Полицијата била толерантна кон лицата кои биле затекнати на автопат за време на полициски час

Read more

Филипче: Навистина не е тешко да се почитуваат мерките за заштита од коронавирус

Read more

Хроника

Петровска: По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот на „Боемска“

Read more

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Read more

Охриѓанец лажно се претставувал како сообраќаен полицаец

Read more

Скопјанец измамил делчевец за 17.000 денари

Read more

Вести

  • play_arrow

Демонстранти запалија полицаец во Мексико

Читај повеќе

Дневен преглед на состојбата со COVID-19 во светот

Читај повеќе

Филипче: Околу 15 семејства сочинуваат 90 проценти од новозаболените

Читај повеќе

Петровска: По комплетирање на доказите ќе следуваат кривични за случајот на „Боемска“

Читај повеќе

Филипче ја објави официјалната бројка на новозаразени, вкупно се 180

Читај повеќе

Двајца доктори сопружници од „Систина“ позитивни на COVID-19

Читај повеќе

Полицијата била толерантна кон лицата кои биле затекнати на автопат за време на полициски час

Читај повеќе

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Читај повеќе

Потврдени 177 нови случаи на заболени со COVID-19

Читај повеќе