Бектеши: Се извинивме за грешката со фотографијата, ако е намерна ќе има одговорност

Симболиката беше да дадеме пример, но истовремено и порака дека иако немаме море во нашата држава, имаме планини, езеро. Фотографијата е веќе сменета. Во моментот работиме на дополнителни фотографии од нашите туристички дестинации, а годинава ќе имаме прилика и речиси неделно да ги менуваме фотографиите. Ако е направена намерна грешка, секако дека ќе има одговорност.

 

Вака министерот за економија Крешник Бектеши одговори на новинарското прашање во врска со направениот превид при објавувањето на Платформата „Дома си е дома“ која првично осамна со фотографија од езерото Кенигзе во Германија.

Меѓутоа, овој гаф не помина незабележано и твитерџиите веднаш ја покажаа својата креативност и досетливост на темата.

Целта на Платформата, објасни Бектеши, не е промоција на домашните дестинации, туку транспарентност – граѓаните што полесно да имаат увид дали добиле ваучери и во кои хотели или угостителски објекти може да ги користат.

Бектеши го оправда и го пофали Секторот за туризам, изразувајќи му јавна благодарност зашто ја креирал Платформата за само десет дена, невремено, иако воедно одговора и на 30.000 мејлови пристигнати од граѓаните. Човечки е, според министерот, да се прават грешки и не треба да се гледа само на негативната страна.

-За фотографијата веќе се извинивме, а за грешката ќе ги разгледаме сите можности и ако е намерна, ќе има одговорност. Секторот има знаење и работи професионално, а грешки може да се случат. Да не ја гледаме само негативната, туку и позитивната страна. Во моментов Секторот одговара на 30.000 мејлови за да им излезе во пресрет на граѓаните и работи на транспарентно издавање 117.000 ваучери. Ги знам луѓето кои раководат со него и не би се согласил дека некој од нив знае или не постапува согласно задачите што ги има. Токму овој Сектор е заслужен за многуте програми во претходните години кои резултираа со зголемен број странски и домашни туристи, напомена Бектеши.

Платформата „Дома си е дома“ осамна со насловна фотографија од езерото Кенигзе во Германија. Освен авторот на фотографијата Симон Мигај кој прв реагираше, на социјалните мрежи имаше и голем број критики, па и шеговити и саркастични коментари и постови од наши граѓани за направената грешка. По ова, Министерството за економија ја смени фотографијата со пејзаж од Охрид. Во соопштение до медиумите се извини и објаснни дека превидот е направен зашто, наводно, фокусот во тој момент бил ставен на функционалноста на Платформата со цел ваучерите да бидат испорачани навреме.

-Фотографијата која е употребена на платформата „Дома си е дома“ е преземена со сите авторски права, а во текот на денов ја заменивме со нова фотографија од домашна туристичка дестинација, соопшти Министерството за економија пред два дена. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе