Бен Афлек е опасен во трејлерот за „Triple Frontier“
Група поранешни специјалци планираат да извршат грабеж, но настаните не се одвиваат според планираното па ја губат контролата. Нивните вештини, лојалноста и моралот се на тежок испит и дотуркани до крајна граница во битка за преживување.
Ова е накратко дејството во акциониот „Triple Frontier“ со Бен Афлек, Чарли Ханам, Гарет Хедланд и Педро Паскал. Премиерата на Netflix е закажана за 13 март.