Сè поконтроверзно станува прашањето во кои автомобили е прифатливо да се стави електричен погон, а со тоа и да му се даде на моделот, па и на брендот, нов живот. Не се поштедени ниту класиците.
Веќе бевме сведоци на голем број преработки на автомобилски класици кои наместо некаков V8 скапоцен камен добиваат електричен погон. Најновиот пример е Bentley.
Преработката ја потпишува Lunaz Design, специјалист за т.н електромодови. Овојпат се зафати со вистинска автомобилска класика. Станува збор за Bentley S2 во спортската верзија Continental, кој е произведен во само 388 примероци.
Автомобилот е произведен во 1961 година, е еден од четирите сè уште живи модели со оваа спецификација, а сега е темелно реставриран. Како дел од реновирањето, пристигна нов погон, што го стави 6.2-литарскиот V8 во пензија. Нечуен е и електричен, а благодарение на значителната моќност од 405 КС и 720 Nm вртежен момент, овозможува импресивни перформанси.
Бидејќи забрзува до 100 км/час за 6,9 секунди, јасно е дека автомобилот мораше да добие подобрена прилагодлива суспензија.
Lunaz Design постави и регенеративен систем за сопирање, а самите сопирачки се забележително помодерни. Сега има диск сопирачки со шестклипни клешти напред и четириклипни клешти назад.
Внатрешноста и понатаму е луксузна, но сите „проблематични“ материјали се отстранети и заменети со поеколошки, додека природната кожа, волна и скапоценото дрво се отстранети. Кога станува збор за второто, сè уште го има, но сега со сертификат од Советот за управување со шуми.
Цената не е позната, но сличен примерок беше продаден во 2021 година за околу 350.000 фунти. Овој лесно може да биде поскап.